Кајакарската федерација на Македонија ги бележи своите почетоци во 1934 година, а за прв пат се формира во 1947 година кога се формирани и првите клубови за диви и мирни води. Федерацијата зад себе бележи голем број на успеси како организатор на спортски натпревари и првенства и тоа од највисок ранг: Светско првенство на диви води 1975 година, Европско првенство за сениори во кајак слалом на диви води во 2004 година, Европско првенство во слалом за Јуниори и до 23 години во 2014 година, Европско првенство во спуст и спринт на диви води за сениори во 2017 како и Европско првенство во спуст и спринт на диви води за Јуниори и Сениори до 23 во 2018 година.

Секако еден од назјначајните спортски настани во кајак слалом на диви води во Македонија кои  се одржува  во конитнуитет е Меѓународниот Традиционален Илинденски кајак слалом (ИКАС) кои за прв пат е организиран далечната 1968 година. Главен виновник за формирањето и оддржувањето на овој натпревар се скопските кајак клубови, а како организатор на овој натпревар во целиот изминат период е Градскиот Кајакарски Сојуз Скопје и Градот Скопје во соработка со Кајакарската Федерација на Македонија..