Во периодот од 10 – 14 Август 2022 година Кајакарската Федерација на Македонија ќе биде претставувана од Јуниорската репрезентација во кајак слалом на диви води на Европското првенство за јуниори и сениори до 23 години во слалом коешто ќе се оддржи во Чешке Буџевице – Република Чешка.
Репрезентацијата со којашто ќе настапи нашата Федерација на европското првенство е во состав:
Ангел Петрушев , Стефан Рибарски и Коце Игнатов во категоријата Кајак (MK1) – Мажи.
Во категоријата Кајак (WK1) – Жени ќе не претставува Олгица Мелова.

Им посакуваме успех на нашите натпреварувачи !

Линк до подоатоци за натпреварот https://en.ww-cb.cz

Линк до резултатите http://siwidata.com/canoelive/#/live/eca/2018