Во периодот од 26 – 31 Јули 2022 година Кајакарската Федерација на Македонија ќе биде претставувана од Сениорската репрезентација во кајак слалом на диви води на Светското првенство за сениори во слалом коешто ќе се оддржи на патеата во Аугсбург – Република Германија.
Патеката во Аугсбург е една од најпознатите патеки за кајак слалом изградена во перидот на припремите за Олимписките игри во Минхен – Герамнија кои се оддржаа во 1972 година кадешто кајак слаломот за прв пат се најде на олимписка програма .
Оваа година патеката Аугсбург бележи 50 години од Олимписките игри, а воедно за нашата федерација претставува големо задоволсто што ќе имаме претставници на ова Светско првенство.
Репрезентацијата со којашто ќе настапи нашата Федерација на ова светско сениорско првенство е во состав:
Ангел Петрушев , Стефан Рибарски и Мирчевски Борче во категоријата Кајак (MK1) – Мажи.
Во категоријата Кајак (WK1) – Жени повтроно ќе бидеме претставувани од страна на Олгица Мелова.
Им посакуваме успех на нашите натпреварувачи !
Линк до подоатоци за натпреварот https://www.canoeicf.com/canoe-slalom-world-championships/augsburg-2022/news
Линк до резултатите https://siwidata.com/canoelive/#/live/icf/1512