Преостануваат уште 35 дена до почетокот на 56-тото Издание на Традиционалниот Илинденски Кајак слалом ИКАС 2025. За прв пат во својата историја на постоење , од оваа година Илинденскиот кајак слалом е прифатен како натпревар на коишт натпреварувачите ќе се освојуваат бодови за Светската ранг листа на ИЦФ.

Подготовките се во тек , патеката се подготвува да ги пречека најдобрите кајакари во Европа и пошироко на овој кајак слалом натпревар. Пријавувањето започна на 01 Февруари и ќе трае до 1-ви Април кога ќе ја знаеме и точната бројка на натпреварувачи кој ќе нстапат на 56-тото Издание на ИЦФ Ранкинг натпреварот ИКАС 2025.
Натпреварите ќе се одвиваат во два натпреварувачки дена. Во Сабота 12 Април ќе се одржи 56-тото издание на ИКАС отворен натпревар на коишто ќе можат да настапа поголем број на натпреварувачи коишто сеуште немаат освоено бодови во ИЦФ. Натпреварот ќе биде составен од две возења , а победникот ќе биде одлучен согласно подоборот време од двете возења. За овој отворен натпревар се предвидени 4 категории и тоа Кајак (К1) Мажи, Кајак (К1) Жени, Кану (Ц1) Мажи и Кану (Ц1)Жени. Во недела на 13 Април е предвиден ИЦФ Ранкинг натпреварот во слалом ИКАС 2025. И за овој натпревар е предвидено да се оддржат 4 -те гореспоменати категории но принципот на натпревари ќе биде во согласност со најновите ИЦФ правила. Во првото возење ќе се натпреваруваат сите пријавени натпреварувачи и 12 пласираи натпреварувачи во сите категории ќе преминат дирекно во второ возење коешто воедно ќе биде и Финален натпревар .
Повеќе информации околу самата прогрма за овие да натпреварувачки денови ќе биде објавена наскоро.
