Преостануваат 20 дена до почетокот на 55-тото  Издание на Традиционалниот Илинденски Кајак слалом ИКАС 2024. Подготовките се во тек , патеката се подготвува да ги пречека најдобрите кајакари во Европа на овој кајак слалом натпревар. Пријавувањето е во тек и досега имаме потврден настап од страна на репрезентациите на Грција, Турција, Босна и Херцеговина, Србија , Романија. Пријавувањето започна на 15 Март и ќе трае до 2-ри Април кога ќе ја знаеме и точната бројка на натпреварувачи кој ќе нстапат на 55-тото Издание на ИКАС 2024.

За истакнување е дека оваа година после неколку години пауза повторно во соработка со Европката кајак Асоцијација (ECA)  ќе се организара тренинг камп за талентирани кајакари коишто е планирано да започне од 30 Март.