Остануваат уште два дена до почетокот на 55-тото издание на Традиционалниот Меѓународен Илинденски кајак слалом ИКАС 2024. Во моментов на кајак патеката во Спортско рекреативниот центар Матка се навоѓаат 80 такмичари од 6 држави , Романија, Турција,Србија,Грција, Македонија и Босна и Херцеговина.

Официјалните тренинзи се започнати од 01 Април Понеделник, а завршуваат во текот на утрешниот ден (Петок) до утринскиот тренинг кој е предвиден од 09-12 часот.

Натпреварите започнуваат на 06 Април Сабота со почеток во 10.00 часот за кога се закажани квалификациските возења.

Во Недела 07 Април со почеток од 10.30 се закажани Полуфиналните возења , а во 12.40 започнуваат и Финалните возења.

Официјаното прогласување е закажано за 14.10.

Стартна листа Превземи

Резултати во живо Линк.