ИКАС ПОВТОРНО НА ПРОГРАМАТА !

54-тото издание на Традиционално издание на Меѓународниот Илинденскиот Кајак Слалом ИКАС 2023 и оваа година како една од трите најстарите кајакарски манифестации во Светот повторно на календарот на Светската Кајак Федерација ИЦФ.

Оваа Традиционална Градска Манифестација се организира во соработка со Кајакарската Федерација на Македонија досега има угостено многу врвни кајакари Светски , Европски и Вицеолимписки победници. Годинава натпреварите ќе се одржат во два натпреварувачки дена и тоа Сабота 08-ми (Квалификации) и Недела 09-ти Април 2023 година (Полуфинални и Финални натпревари).

Оваа година после 3 години пауза повторно на програмата за време на Традиционалниот ИКАС на програмата на Европската Кајакарска Асоцијација се врати и Европскиот куп во Спуст – Спринт коишто до 2019 година 6 години по ред се оддржуваше во во викендот со самиот Илинденски кајак ИКАС.

По 2019 година повторно на 08 Април ќе го се оддржи 1-вото коло од Европскиот куп како најава за Европското Сениорско првенстево за Сениори во Спуст – класик и спринт.

Натпреварот од 1-вото коло на Европскиот куп во спринт ќе биде составен од 3 возења и тоа 2 квалификациски возења и едно финално возење.