Уште само 20 дена до почетокот на 54-тото Издание на Традиционалниот Илинденски Кајак слалом ИКАС 2023. Подготовките се во тек , патеката се подготвува да ги пречека најдобрите кајакари во Европа на овој кајак слалом натпревар. Пријавувањето е во тек и досега имаме потврден настап од страна на Репрезентацијата на Грција којашто ќе настапи со 20-тина репрезентативци како и репрезентацијата на Казахстан којашто за првпат во истоијата на овој натпревар ќе ја почуствуваат слалом патеката во спортско рекреативниот центар Матка.