Остана уште еден ден до официјалното започнување на 54-тото Издание на Традиционалниот Илинденски Кајак слалом ИКАС 2023. Воедно на самиот ИКАС ќе се оддржи и првото коло од Европскиот Куп во спринт.

Денеска и официјално се затвори системот за пријавување на натпреварувачи и официјално можеме да констатираме дека оваа година после 2 години откако на Светско ниво се прошири пандемијата на Ковид 19 и откако сите мерки за патувања се укинаа , ИКАС 2023 повторно се враќа во стариот сјај со пријавени 150 натпреварувачи во двете дисциплини Традиционалниот слалом и Европскиот куп во спринт. 

Во текот на утрешниот ден со почеток во 11.30 часот како организатори на овој настан во соработка со Агенцијата за млади и спорт ќе се оддржи прес конференција на којашто ќе бидат презентирани сите детали околу натпреварот. 

Стартни листи 54-ти ИКАС 2023 >>> Превземи

Стартни листи 1 коло Европски куп во спринт  >>> Превземи

 

Линк до Резултати во живо (live timing)