Денеска и официјално започна 55-тото Издание на Меѓународниот Традиционален Илинденски кајак слалом ИКАС 2024. Првиот натпреварувачки ден понуди интересни квалификациски натпревари. 

Во текот на урешниот ден не очекуваат уште повозбудливи натпревари кадешто во категријата Ц1 Мажи ќе настапат најдобрите 8 натпреварувачи во полуфиналните натпревари, а во финалните натпревари ќе изборат место само 6 натпреварувачи. Во категријата К1 Жени ќе настапат најдобрите 6 натпреварувачки во полуфиналните натпревари , а 6 финалните натпревари ќе изборат место само 4 натпреварувачки.

Во најатрактивната категорија К1 Мажи којашто и очекувано беше најбројна во полуфиналните натпревари ќе настапат 30 натпреварувачи , а во финалните натпревари ќе изборат место само 15 натпреварувачи.

Во текот на утрешниот ден Квалификациските натпревари започуваат во 10.20 со демонстрационите возења.

Финалните натпревари се закажани за 12.40. 

Резултати Квалификации

Стартна Листа Полуфинале

Резултати во живо