После одличниот настап во полуфиналните натпревари и пласманот на првото место нашиот најдобар натпреварувач Ангел Петрушев коишто стартуваше како последен во финалните натпревари на крајот го завзема 4-то место на Европското првенство за јуниори и сениори до 23 години во слалом коешто се оддржува на патеката во Чешке Буџевице – Република Чешка. Петрушев имаше одличен настап и во финалните натпревари кадешто накрајот од неговото возење му фалеше спортска среќа за да постигне уште подобар резултат и да се закити со еден од трите медали. Победникот од Франција CASTRYCK Titouan во своето финално возење направи една грешка којашто судиите наместо со 50 казнети поени ја протолкуваа како 2 казнети поени и со таа одлука дирекно влијаеа на конечните резултати.
Сепак и покрај ова Кајакарската Федерација на Македонија може да се гордее со овој успех на нашиот натпреварувач Ангел Петрушев бидејќи во досегашниот период од 30 години наназад федерацијата никогаш немала јуниорски натпреварувач од ваков калибар и ова претставува најдобар Јуниорски пласман во историјата на Федерациата од осамостојувањето на нашата држава.
Посакуваме и во иднина како Сениорски натпреварувач Ангел Петрушев да не радува со уште подобри резултати.