На Европското првенство за Јуниори и Сениори до 23 години за слалом коешто во моментот се одвива во Чешке Буџевице, предмалку завршија полуфиналните натпревари во дисцилината кајак слалом за Јуниoри, кадешто првото место го завзема нашиот најдобар натпреварувач Ангел Петрушев. Со пласманот на првото место Ангел Петрушев се пласираше во финалните натпревари кои запонуваат во 13:30 часот , а настапот на нашиот натпреварувач е предвиден за во 13:58 часот.
Му посакуваме успех на Петрушев со желба да донесе медал за нашата федерација од големите натпревари.